SATOSHI TOMIIE

(SAW Recordings, New York – Japan/USA)
www.satoshitomiie.com

Јапонецот од Њујорк во последниве неколку години виртуелно беше секаде каде што може да помислите свирејќи на стотици свирки поради што беше изгласуван меѓу најголемите на топ листите на DJ magazine и електронскиот магазин BPM.  
Академското музичко образование го искористил како добра основа да го развие талентот во правец кон создавање на најголемите класични house нумери на нашето време. Дебитираше со масивниот Full Lick во 2000 година, што ја вклучува и химната Love in Trafick испеана од вокалистката Keli Ali. Посебна чест на Satoshi му беше укажана со поканата да учествува со свој микс во популарните изданија Global Underground за нивниот серијал NuBreed што станало најпродавано досега. Актуелен е со новата 3D серија од три дискови Club, Home и Studio. Иако Satoshi е тивок и скромен, продуцира и пушта квалитетна андерграунд музика за танцување прошарана со рок, електро, прогресивен фанк и темен клубски ритам.