(Spitfire Records, Dublin – Ireland)
www.therapyquestionmark.co.uk

Планетарната ѕвезда од детроитската техно сцена познат од сингловите Sonic Destroyer, The Bells и Purpose Maker е артист со амбиција што достигнува многу подалеку од мајсторисување на три грамафони и создавање на едноставна електронска музика. Тој е човекот што стои зад пионерите на техното Juan Atkins, Derrick May и Kevin Saunderson. Кариерата ја започнал како радио водител кога се здобил со прекарот Волшебник, се до кога во 1989 го оформири houss дуото Final Cut во соработка со Toni Srok. Во наредниот период се запозна со Mike Benks, кога го основаа едно од најмитските техно колективи Underground Resistance. Благодарение на генијалната техника на миксање моќна музика, заедно со Laurent Garnier и Carl Cox ја освоија глобалната техно сцена започната во текот на деведесетите.
Во основата на неговиот сет лежи минимал техно во комбинација со house фанк и соул мелодии со што ја прави музиката поатмосферична.