Како значаен дел од глобалните светски трендови на целосно музичко доживување, Coca-Cola минатата година, на македонската публика и овозможи доживување на музичкиот бран, инициран од страна на компанијата, во десетици земји ширум Европа.

Coca-Cola Sound WaveBeach Festival-от се одржа за прв пат кај нас во 2005 година, на 1 и 2 август во кампот Љубаништа и беше реализиран како 24 часовен летен музички настан  на современата и прогресивна електронска музика. Истовремено со него беше одбележан и државниот празник Илинден.

На фестивалот настапија дваесетина светски познати и домашни диџеи, меѓу кои и суперѕвездите Дејвид Моралес и Дарен Емерсон, како и нашите Игор Иокс, Мирко Попов, Роботек , Горан Кан, ...

Проектот беше инициран од страна на Coca-Cola во соработка со Cosmofon, а реализиран со организациска подршка на мултимедијалните продуцентски куќи, Зен Продукција и КЛС Продукција од Скопје.

За квалитетна техничка подршка на фестивалот беа употребени 100 KW звук, 200KW светло и десетина интелигентни извори на светло. Со еден збор за реализација на фестивалот беше употребена најновата и најдобрата техника, најголемата сцена и најдоброто озвучување во тој момент.

Во дел од кампот Љубаниште, на површина од 5000 метри квадратни, беа поставени две одвоени, концептуално различни сцени, со озвучување и осветлување, на кои изведувачите се претставија со свои музички сетови во зависност од типот на современата култура која ја промовираат.
На посетителите им беше презентирана и трета, chill out зона со посебна музичка сцена, chill proctor, како и други содржини кои ги забавуваа гостите на фестивалот.

Примарна цел на овој голем и спектакуларен Coca-Cola музички настан беше понуда на ексклузивна, квалитетна и фестивалска програма и запознавање во живо на домашната и странската публика со музичките видувања на врвните светски и македонски современи музички имиња од светот на електронската музика.

Фестивалот беше одлично оценет и фантастично примен од публиката, артистите, спонзорите, медиумите, како и од локалното население и привлече рекордни 13.000 посетители.