Со огромно задоволство Ви го најавуваме второто издание на

Coca-Cola Sound Wave Festival powered by Cosmofon,

кое оваа година ќе се одржи на Денот на Независноста, 8 септември, на стадионот АРМ, Градски Парк во Скопје.

Coca-Cola Sound Wave Festival Vol. 2 powered by Cosmofon е 24 часовна музичка инвазија поддржана од овогодинешните хедлајнери: спектакуларниот бенд  Rinocerose, моќниот рок состав Therapy?, извонредниот DJ Satoshi Tomiie, импресивниот транс изведувач Hallucinogen/Shpongle и волшебникот од детроитската техно школа Jeff Mills. Акцијата не запира тука, на посетителите ќе им се придружат домашните групи: атрактивните Фолтин и страсните Д.Н.О., талентираните артисти од доменот на електронската музика Горан Кан и Роботек, а следуваат и многу други музички изненадувања.

Извонредната локација во непосредна близина на центарот на градот, со капацитет од 25 илјади посетители, нуди уникатна можност за забава под отворено небо. Различните музички сензибилитети ќе можат да го пронајдат своето место меѓу двете концептуално различни сцени поставени на тревната површина од 8.000 квадратни метри. Главната и транс сцената ќе бидат целосно поддржани со фантастичен звук и одлично осветлување.

Coca-Cola Sound Wave Festival Vol. 2 powered by Cosmofon и оваа година ја нуди единствената можност да се почувствува магијата на масовен хепенинг што обединува спектакуларни музички ѕвезди, поддржани од квалитетната македонска гордост, беспрекорна организација и расположливи технички средства.

Организацискиот тим на ZEN и KLS Продукција повторно ќе ги обезбедат сите предуслови за комплетно ослободување на сите Ваши сетила и Ваше бескрајно уживање.

Бидете Независни - бидете дел од Coca-Cola Sound Wave Festival Vol. 2 powered by Cosmofon!